Бројот на жртви во Киев се искачи на 23

Од:

Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 23, а во тек е спасувачка операција, објави началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко.

„За жал, бројот на жртви во Киев се искачи на 23“, рече тој на Телеграм, пренесува Укринформ.

Ноќта помеѓу среда и четврток, руската војска започна комбиниран напад врз Киев, што резултираше со серија експлозии.

Значителни разурнувања беа регистрирани во областите Шевченковски, Холосеевски, Дарницки, Дњепровски и Десњански, пренесува Танјуг.

Меѓу загинатите има четири деца, а десетици лица беа повредени. Нападот беше изведен со вкупно 629 беспилотни летала и 31 ракета.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина