Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 82

Од:

Бројот на жртви од поплавите во централен Тексас се искачи на 82, додека спасувачите продолжуваат да бараат во тешки услови луѓе кои сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи 11 исчезнати девојчиња од летен камп во Мистик.

Вкупниот број на жртви во округот Кер се искачи на 68, изјави шерифот на округот Лари Леита, објави CNN.

Тој додаде дека меѓу загинатите се 28 деца и вети дека ќе продолжи да го пребарува регионот додека „сите не бидат пронајдени“.

Пријавени се пет смртни случаи во округот Тревис, три во округот Барнет и две во округот Кендал. Спасувачите се борат со паднати дрвја, превртени автомобили и кал исполнета со остатоци. Властите сè уште не кажаа колку луѓе се водат како исчезнати, освен 11 девојчиња и водич од летниот камп Мистик Христијан.

Потврдените жртви вклучуваат 8-годишно девојче од Маунтин Брук, Алабама, кое било во кампот Мистик, и директорот на блискиот камп. Заменик-гувернерот на Тексас, Ден Патрик, изјави за Фокс њуз порано денес дека се очекува бројот на жртви да се зголеми.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, им нареди на истражувачите да претпостават дека сите се уште се живи. Претходно тој прогласи вонредна состојба поради поплавите што го погодија централниот дел од Тексас во петокот. Обилните дождови, кои паднаа во рекордни количини за само неколку часа во некои делови од регионот, предизвикаа ненадејни поплави на реката Гвадалупе.

Би можело да ве интересира

Трамп пред 13 години: Обама ќе го нападне Иран зашто е неспособен

ВИДЕО: Иран ја нападна американската морнарица во Бахреин

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се запали Блискиот Исток-Иран ги ракетира Абу Даби и Бахреин

Предраг Петровиќ

Трамп ги повика иранските сили да го положат оружјето. „Другата опција е смрт“

ВИДЕО: Дел од Иранците се радуваат на нападот кој се нарекува “Epic Fury“

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ