Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 84 милиони, 541.000 за 24 часа

Од:

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 84,47 милиони, зголемувајќи се за над 541.000 во последните 24 часа, се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација, објавен синоќа.

Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за речиси 8.700, со што вкупниот број изнесува приближно 1,85 милиони.

На 5 јануари, Светската здравствена организација регистрира 84.474.195 заразени и 1.848.704 смртни случаи.

Речиси половина од пријавените случаи во изминатите 24 часа биле регистрирани во Северна и Јужна Америка (266.499), потоа во Европа (202.958) и во Југоисточна Азија (26.070).

Поголемиот дел од потврдените случаи се регистрирани во САД – 20.470.169, потоа Индија (10.356.844), Бразил (7.733.746), Русија (3.284.384), Велика Британија (2.713.567), Франција (2.615.185), Италија. (2.166.244), Шпанија (1.893.502), Германија (1.787.410), Колумбија (1.675.820), Аргентина (1.640.718) и Мексико.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана