Бројот на загинатите во нападот во Кабул достигна 28 лица

Од:

Бројот на убиените во денешниот напад на талибанците во центарот на Кабул се зголеми на 28 лица, соопшти началник на полицијата во авганистанскиот главен град.

Претходно, авганистанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку седуммина загинале, а 327 се повредени во координиран напад на талибанците, кој започна утрово во центарот на Кабул пред владина агенција со експлозија на автомобил-бомба, а потоа продолжи во зградата на агенцијата.

– Голем број меѓу повредените се наоѓаат во тешка состојба, истакна портпаролот на Министерството за здравство, Исмаил Кавоси, додавајќи дека досега 208 повредени, меѓу кои има жени и деца, се префрлени во болница.

Вооружениот судир меѓу авганистанските безбедносни сили и талибанските екстремисти во комплексот на главната владина безбедносна агенција е завршен.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Седик Седики изјави дека во судирите е убиен најмалку еден напаѓач.

Талибанците неодамна објавија дека ја почнуваат традиционалната пролетна офанзива. Денешниот напад е првиот напад во Кабул од почетокот на офанзивата.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан