Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97

Од:

Бројот на жртвите од минатомесечните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи е ревидиран на 97, а бројот на исчезнати е 31, изјави гувернерот на Хаваите, Џош Грин.

Новите информации Грин ги објави во интервју за Си-Ен-Ен откако минатата недела изјави дека бројот на загинатите е 115, а 66 лица се водат како исчезнати. Појасни дека помал број жртви е утврден по дополнителни анализи на Министерството за одбрана, чии истражувачи, според него, се способни да вршат многу понапредни генетски анализи.

Во пожарот што на 8 август го зафати центарот на Лахаина на островот Мауи, уништени се повеќе од 2.000 згради.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница