Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Дака, кој немаше излез за пожар, се искачи на 46, а спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани.
Пожар избувна вчера во ресторан во трговски центар во главниот град на Бангладеш, а набрзо се прошири низ зградата.
Претходно беше соопштено дека загинале 43 лица.