Бројот на загинати во вчерашниот пожар во фабрика за обувки на Филипините се зголеми на 58, а 13 лица се во неизвесност, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.
Спасувачките екипи извадиле 55 жртви од под руините на двокатната зграда во предградието Валенсула на главниот град Манила. Три тела се откриени кратко по неутрализирање на пожарот, кој траел седум часа.
Спасувачките екипи продолжуваат да го расчистуваат теренот, каде под руините веројатно има уште тела на загинати.
Пожарот во фабриката избувна по експлозија, откако искри од машина за заварување запалиле контејнер во хемикалии, кои се користат во процес за изработка на обувки.