Бројот на загинати во земјотресот што ја погоди пакистанската југозападна провинција Белуџистан во вторникот, е 515 луѓе.
Според локалните власти, бунтовнички групи ги попречуваат напорите на спасувачките тимови за спасување лица во погодените реони.
Областа Аваран каде беше епицентарот на земјотресот со интензитет од 7,7 по Рихтер се смета за бастион на белуџистански сепаратисти кои според западни медиуми, пукаат врз хеликоптери со кои војници со задача за помагање, прелетувале над погодените реони. Пакистанските власти објавија вонредна состојба во реоните погодени од земјотресот.