Бројот на претплатници на интернет изданието на „Њујорк Тајмс“ надмина еден милион

Од:

Бројот на претплатници на интернет изданието на весникот „Њујорк Тајмс“ минатата недела се зголеми за 33.000, со што вкупниот број на негови он-лајн читатели надмина еден милион.

– „Тајмс“ денес има големо влијание, како никогаш досега во историјата, изјави претставникот на компанијата Артур Салцбергер.

Како што јави ДПА, во вториот квартал од годинава „Њујорк Тајмс“ остварил нето заработка од 16,4 милиони долари, што претставува зголемување за 78,5 процнети во однос на истиот период лани.

Вкупните приходи на весникот во посочениот квартал се зголемиле за 0,9 процнети на 211,7 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски