Бројот на нелегални престои во пад секаде во ЕУ освен во Белгија

Од:

Според последните бројки на Европол, бројот на лица кои престојуваат нелегално во земјите на ЕУ е во пад секаде освен во Белгија.

Белгија се наоѓа во осумте први држави на ЕУ со највисок број лица со нелегален престој. Во 2018-та година, над 17 илјади луѓе најмалку се наоѓаат во оваа земја без никакви документи, што, според локалните медиуми, претставува зголемување од околу илјада во споредба со 2017-та.

Иако во апсолутни бројки, Белгија има помалку илегални престои од Германија, пропорционално на големината на населените, двете земји се на исто ниво.

Бројот на лица без редовни документи за престој во земјите на ЕУ почна да паѓа по мигрантската криза од 2015-та кога властите ги затвораа разните миграциски рути кои водат до европските земји.

Трендот на намалување продолжи секаде освен во Белгија, најверојатно поради мигрантите кои се обидуваат преку Белгија да стигнат во Британија.

До скоро азилантите и мигрантите тргнуваа од Франција, но минатата година беше уништен кампот во градот Кале каде се собираа мигрантите и голем дел од нив се пренасочија кон Белгија, од каде се обидуваат да стигнат до Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД