Бројот на хакерски напади врз компании во светот се зголемил за 38 отсто во светски рамки во текот на оваа година, покажува денеска објавеното истражување на меѓународната консултантска корпорација ПрајсвотерхаусКуперс.
Франција е особено погодена од кибернападите. Хакерските напади во таа земја се зголемиле за 51 отсто, односно во просек 21 дневно, додека финансиските загуби се зголемени за 28 отсто, до 3,7 милиони евра просечно за компанија, се вели во истражувањето.
Во светски рамки штетите од кибер нападите бележат мал пад. Финансиските загуби се намалиле за пет отсто, на 2,5 милиони долари за компанија.