Бројот на илегални имигранти во Италија оваа година зголемен за 500 проценти

Од:

Бројот на илегалните имигранти, кои пристигнале во Италија со чамци е зголемен за 500 отсто во првата половина од оваа година и веќе ја надмина рекордната бројка од 2011 година, кога во тек беше арапската пролет, соопшти Агенцијата на Европската унија за контрола на границите (Фронтекс).

Агенцијата, чие седиште е во Варшава, наведе дека до крајот на јули во ЕУ преку опасниот Медитеран пристигнале 78.300 имигранти од Либија, претежно во Италија, но и на Малта. Во истиот период минатата година таа бројка изнесуваше 12.915.

Еритрејците и Сиријците се најголемиот дел од имигрантите, кои се одлучуваат на ризичното патување преку Медитеранот, но и голем број жители на потсахарска Африка, претежно од Мали и Судан, исто така доаѓаат по тој пат, изјави портпаролката на Фронтекс, Изабела Купер.

– Либија е мошне нестабилна, а тоа значи дека мрежите кои криумчарат луѓе цветаат. Но, истовремено имате имигранти од неколку земји во кои се водат војни. Имате секако Сиријци, но и Еритрејци и Сомалијци, рече Купер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале

(ВИДЕО) Поплавен е северот на Италија: Ова е полошо и од најлошите прогнози

Катерина Ѓуровски

Несреќа во Италија: Во сообраќајка загина навивач на Ливерпул

Горан Наумовски