Италијански трговски брод донесе 151 мигрант во Сицилија откако еден ден претходно беа спасени во територијалните води на Либија.
„Асо Трента“ со мигрантите денеска пристигна на пристаништето Покало, но не се знаеше дали тие ќе останат во Италија или ќе бидат распоредени во други земји на ЕУ.
Неколку часа претходно, германскиот хуманитарен спасувачки брод „Алан Курди“ пристигна со 88 мигранти во италијанскиот град Таранто.
Според договорот со ЕУ, од нив 67 ќе одат во четири други земји, додека останатите ќе останат во Италија.