Бродот „Аквариус“ ги прекина своите операции за спас на мигранти

Од:

Бродот „Аквариус“, кој спаси десетици илјади мигранти во Средоземното Море, ги прекина своите операции, соопштија невладините организации „Лекари без граници“ и „Ес-О-Ес Медитеран“, кои го ангажираа бродот.

– Одлуката беше донесена како резултат на безмилосната и тековна политичка, правна и административна кампања поддржана од неколку европски земји, информира „Ес-О-Ес Медитеран“.

Бродот е закотвен во француско пристаниште, откако кон крајот на септември ја загуби панамската регистрација. „Аквариус“ беше последниот спасувачки брод, кој дејствуваше крај бреговите на Либија.

Минатата година вакви бродови користеа пет хуманитарни организации.

– Ова е тажен ден. Европа не само што не успеа да обезбеди можност за пронаоѓање и спасување, туку и активно ги саботираше обидите на други да спасуваат човечки животи, изјави Вики Хокинс, која го предводи британскиот огранок на „Лекари без граници“.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција, околу 1.260 мигранти загинаа од почетокот на годинава во обидот да стигнат до Европа преку централниот дел на Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски