Брод остана без гориво во средина на Мексичкиот залив

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Луксузниот брод „Карнивал Тријумф“ во недела остана без гориво, во средина на Мескичкиот залив, по пожарот во погонскиот дел на бродот.

Светските медиуми пренесуваат дека состојбата на бродот е драматична, снемало струја, а некое време не работат ниту тушевите и клима уредите.

Патниците по четири часа чекаат во ред за храна, а настанаа и првите тепачки околу храна.
-Туристите спијат на палубата, бидејќи во кабините е неиздржливо, водата тече од затнатите санитарни одводи, теписите во кабините се натопени со урина, а фекалиите се слеваат по ѕидовите – известува „Јутарњи лист“.

313828_brod-foto-ap_ff

Брод од истата компанија, пристигнал во помош, но само за достава на храна и чамци во случај на спасување.

Шефот на компанијата, Џери Кејхил ветил дека парите ќе им бидат вратени на сите патници, вкулучувајќи ги и парите од куповините на бродот.

Многу ни е жал поради непријатноста и фрустрациите кои нашите гости ги чувствуваат – изјави тој.

Истата компанија е сопственик и на потонатиот брод „Коста Конкордија“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД