Брижит Макрон била заразена со коронавирус за време на празниците

Од:

Брижит Макрон, првата дама на Франција беше позитивна на Ковид-19 за време на празниците на крајот на годината поминати во Брегансон, изјави нејзиното опкружување за „Фигаро“, потврдувајќи ја информацијата на радиото Европа 1.

Првата дама продолжи со своите активности во понеделникот, 4 јануари „затоа што се тестираше негативно на 30 декември“, додаде изворот на „Фигаро“. На пример, таа присуствуваше на погребот на директорот на „Пари Мач“ Оливие Ројан во петокот на 8 јануари во Париз.

На 26 декември, Елисејската палата посочи дека претседателскиот пар бил во Брегансон по крајот на изолацијата на шефот на државата, кој и самиот беше тестиран позитивен на 17 декември. Сепак, не се знае точно кога претседателот и неговата сопруга пристигнале во Вар. Ниту, пак, кои се можните случаи на контакт со првата дама.

По позитивниот тест за Ковид-19, Емануел Макрон остана во изолација во Ла Лантерн една недела, и се врати во Елисејската палата на 24 декември, бидејќи веќе не покажуваше „симптоми“.

Би можело да ве интересира

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Шолц и Макрон велат дека се подготвени да соработуваат со новите сириски власти

Горан Наумовски