Британското разузнавање: Русија се повеќе ќе се потпира на резервистите

Од:

Британското Министерство за одбрана ги објави најновите разузнавачки информации.

„Во текот на следните недели, руската кампања многу веројатно ќе се потпира се повеќе и повеќе на ешалоните на резервните сили“, се вели во соопштението. Ова ја вклучува резервата на руската армија, која е составена од доброволци кои најчесто се распоредени за задачи во позадина.

Русија има уште една група резервисти, ветерани кои служеле во војска во последните пет години.

„Руските власти најверојатно ќе користат доброволци од оваа категорија за регрутирање на трети баталјони во рамките на редовните бригади“, соопшти Министерството за одбрана.

И покрај недостатокот на резервисти, Русија не изгледа подготвена да прогласи општа мобилизација, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Русија изврши нов голем воздушен напад врз Украина

Горан Наумовски

Руски дронови создаваат паника во Романија

Русите уништија 16 украински беспилотни летала

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски