Руската амбасада во Велика Британија објави „скриншот“ од твит на британското министерство за надворешни работи во кој што тие тврдат дека нервниот агенс „Новичок“ користен во труењето на Сергеј Скрипал потекнува од Русија.
– Зошто британскиот Форен Офис би го избришал овој твит од 22 март?, пишуваат од руската амбасада над фотографијата.
Британските научници вчера објавија дека не може да се утврди потеклото на нервниот агенс користен во труењето на Скрипал, по што британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон се најде на мета на новинарите. Џонсон тврдеше дека Русија го произвела нервниот агенс.