Британско разузнавање: Русија го испраќа новиот вид тенкови во Украина

Од:

Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина.

Се вели дека Русија веројатно размислува да распореди мал број од своите нови главни борбени тенкови Т-14 Армата во Украина.

Во декември се појавија слики од тенковите на полигон за обука во јужна Русија, што дојде откако провладините руски медиуми тврдеа дека Т-14 се подготвуваат за распоредување во Украина.

„Иако не е јасно дали Русија го преселила овој тип тенк во Украина, секое распоредување на Т-14 може да биде одлука со висок ризик за Русија. Доколку Русија го распореди Т-14, тоа најверојатно ќе биде првенствено за пропагандни цели, “, соопштија британските разузнавачи.

Тие додаваат дека веројатно биле произведени мал број тенкови и дека командантите нема да им веруваат во борбите.

Тенкот Т-14 е опремен со систем за заштита од беспилотни летала, напредни сензори. Неговиот заштитен оклоп обезбедува висока издржливост и може да издржи екстремни температури.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина