Британско радио по грешкa објави дека почина кралот Чарлс III

Од:

Менаџерот на Радио Каролина во Велика Британија, Питер Мур, објави дека поради „компјутерска грешка“ во нивното главно студио погрешно емитуваа дека британскиот крал Чарлс III почина, за што им се извини на кралот и слушателите.

– Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, веста за смртта на монархот, која сите станици во Велика Британија ја држат во режим на подготвеност, надевајќи се дека нема да биде потребна, случајно беше активирана и погрешно објавена дека Неговото Височество Кралот почина, рече Мур во објава на социјалните медиуми, пренесува Скај њуз.

Тој рече дека Радио Каролина потоа ја прекина програмата и дека извинувањето било прочитано откако програмата продолжила.

„Се извинуваме на Неговото Височество Кралот и на нашите слушатели за сите предизвикани непријатности“, рече Мур.

Инцидентот се случи додека кралот и неговата сопруга, кралицата Камила, беа на патување во Северна Ирска, каде што се придружија на фолклорен бенд, гледаа танчери и пиеја ирско виски во квартот Титаник во Белфаст.

Би можело да ве интересира

Три милиони семејства во Британија гладуваат: Принудени се да прескокнуваат оброци поради високите цени

Британците имаат сè помалку пари за храна и греење

Британија распореди системи за воздушна одбрана „Стормер“ на Кипар

Стармер свикува итен состанок, војната со Иран ја „тресе“ британската економија

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се огласија после апсењето на поранешниот принц

Нов курс кон ЕУ: Стармер сигнализира промени во пост-Брегзит политиката

Горан Наумовски