Британските трупи учествуваа во вежби со шведската и финската армија

Од:

Британски војници им се придружија на шведските и финските трупи во воената вежба во регионите Рованиеми и Ровајарви во северна Финска, што се одржаa од 29 август до 2 септември.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека тоа резултирало со зајакнување на ефикасноста во заедничкото дејствување, имајќи предвид дека Шведска и Финска сакаат да влезат во НАТО.

Војната во Украина покрена нови прашања за безбедноста на Европа наспроти руската агресија.

„Додека има војна во Европа, зајакнувањето на нашите меѓународни партнерства е поважно од кога било“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесе ДПА.

„Го поддржуваме барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО и ќе продолжиме со заеднички вежби за да бидеме подготвени заедно да се соочиме со безбедносните предизвици“, додаде тој.

Валас, исто така, рече дека вежбата е „непроценлива можност за британските војници да ги развијат своите вештини и искуство за војување на студено време за да бидат ефективни на бојното поле заедно со нивните фински и шведски колеги“.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Шведска реновира десетици илјади засолништа низ целата земја

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он