Британските конзервативци ја обвинуваат СНП за „орвеловски национализам“

Од:

Британските конзервативци ја обвинија Шкотската национална партија (СНП) дека е обземена со „орвеловски национализам“.

Лидерот на оваа партија за Шкотска, Рут Дејвидсон го обвинува раководството на СНП дека е опседнато со национализмот и сепаратизмот и дека во својата кампања за предвремените парламентарни избори и за потребата од втор референдум за отцепување од Британија, ги делат луѓето и гласачите.

Дејвидсон тврди дека СНП ги смета оние Шкотланѓани кои се пробритански определени за „странци“, додека на националистите и на сепаратистите гледа како на „вистински и автентични“ Шкотланѓани.

Шкотскиот дневен весник „Скотсман“ пишува дека ваквите дисквалификации и обвинувања за СН , која во досегашниот состав на британскиот Парламент беше трета по големина партија, е досега незабележано и претставува случај без преседан во локалната политичка пракса.

Поводот за нападот од страна на ториевците е одбележувањето на десетгодишнината откако СНП управува со Шкотска.

Поранешниот лидер на партијата и некогашен шкотски прв министер Алекс Салмонд, по тој повод ги повтори определбите на партијата за независност на Шкотска, барајќи од гласачите во овој дел од Британија, да ја повторат довербата што и ја дадоа на претходните избори за Парламентот во Лондон, што се одржаа во мај 2015 година.

На тие избори, СНП извојува уверлива победа во Шкотска, освојувајќи 56 од вкупноте 59 пратенички места што се избираат за британскиот Парламент.

Пред две години, конзервативците, лабуристите и либералдемократите, трите главни британски партии, во овој дел од земјата, освоија само по едно пратеничко место.

СНП првпат успеа да ја освои власта и да формира, тогаш, малцинска влада во Шкотска, во мај 2007 година, по половина век доминација на Лабуристичката партија.

СНП не ја крие својата сепаратистичка определба, но идеолошки е поставена како левичарска партија, па со својата социјална и економска политика успеа, трипати едно по друго, да ја придобие поддршката на шкотските , традиционално, лево определени гласачи, за изборите за Парламентот во Единбург.

За претстојните британски парламентарни избори на 8 јуни, сите три пробритански партии настојуваат да ја прекинат доминацијата на СНП во Шкотска во изминатите десет години.

Најамбициозни се конзервативците на Тереза Меј кои најавуваат „историски успех“ и освојување на 15 пратенички места.

Успехот на Меј меѓу шкотските гласачи би помогнало за маргинализирање на СНП пред преговорите за Брегзит и би било знак за ладење на Шкотлаѓаните од организирањето втор референдум за независност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски