Британскиот премиер и кралицата се сретнаа очи во очи по цела една година

Од:

Британската кралица Елизабета Втора по повеќе од една година го одржа својот прв неделен состанок со премиерот Борис Џонсон поради карантинот воведен во земјата против коронавирусот.

Кралицата од март 2020 година одржува телефонски состаноци, а денеска таа и Џонсон, двајцата вакцинирани против Ковид-19, се состанаа во Бакингемската палата.

Елизабета Втора го помина најголемиот дел од карантинот во замокот Виндзор, во западен Лондон.

Британските медиуми објавија дека кралицата, која во април го загуби сопругот принцот Филип, одлучила да го помине поголемиот дел од своето време во Виндзор.

Во Велика Британија од почетокот на епидемијата на коронавирусот починаа 128.027 луѓе.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ