Лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин е „единствениот и вистински победник“ на британските предвремени парламентарни избори, иако владејачките конзервативци на премиерката Тереза Меј одново освоија најмногу пратеници во Долниот дом на Парламентот, оценуваат лондонските весници.
Корбин беше прогласуван за „сигурен губитник“ на овие избори, не само од страна на ториевците и ним блиските медиуми, туку и од лабуристичките политичари од времето на Тони Блер и Гордон Браун, кои му свртеа грб, обвинувајќи го за „ултралевичарење“ и за програма која е застарена и од времето на раните осумдесети години на 20 век, кога Владата ја предводеше Маргарет Тачер.
Џереми Корбин, кој за лидер на партијата беше избран во септември 2015 година, благодарејќи на подршката на крајната левица и левичарските синдикати кои сакаат преку еден таков лидер за да ја имаат контролата врз политиката на партијата, од тогаш во два наврати се соочиваше со обидите да биде сменет од функцијата.
На почетокот на годинешната предизборна кампања неговите противници најавуваа дека неговиот „убедлив пораз“ и „понижувањето за партијата„ како што предвидуваа сите прогнози пред стартот на предизборната кампања, ќе помогнат тој „конечно да биде сменет“.
Самата Тереза Меј, како лидер на конзервативците, одлучи да распише избори токму за „конечно да се пресмета“ со Корбин, сакајќи да им нанесе „понижувачки пораз“ на лабуристите, но во вториот дел од кампањата дојде до неочекуван пресврт. Наместо Корбин да биде пратен во историјата, се случи токму лидерот на Конзервативната партија да се бори за својот опстанок.
Ториевците освоија 318 пратенички места, наспроти 261 колку што имаат лабуристите, но Меј загуби 12 мандати, додека Корбин сега има 29 пратеници повеќе и зајакната позиција во партијата и во земјата.
Нездоволните конзервативци бараат од Меј да се повлече оценувајќи дека изборниот резултат е „политичка катастрофа“ за неа и „понижување“, како што тоа го објаснуваат некои независни лондонски аналитичари.
Сите тие не се согласуваат со целата политичка платформа на Корбин, која во некои делови изгледа како да е од минатиот век, но дел од гласачите одлучија да ја поддржат, посебно кога станува збор за иднината на државното здравство и на социјалната грижа за хронично заболените и пред се, на спротивставувањето на натамошните мерки за штедење.
Таквото свртување, посебно се случи меѓу традиционалните лабуристички гласачи кои минатиот јуни се определија за Брегзит. Тие сега сфатија дека Меј и конзервативците немаат платформа за преговорите за напуштање на ЕУ, освен постојаното уверување дека ке биде подобро од досега и дека е подобро да нема договор, отколку да се направи лоша спогодба за Велика Британија.
Британците кои гласаа за Брегзит понесени од антиевропската еуфорија, сега признаваат дека се плашат за својата иднина и за иднината на земјата и сакаат да се направи договор со ЕУ, а не да се „скита и патува во незвесност“ без какво било спогодба со Брисел.
На арогатното тврдење на Меј дека Корбин „не е способен“ да биде премиер и дека „не знае како да преговара со ЕУ“; лидерот на лабуристите кој, инаку ништо не стори во референдумската кампања за останување во ЕУ, уверува дека тој како премиер ќе обезбеди добар договор со Унијата за Целика Британија, со кој обичните луѓе и работиниците нема да настрадаат.
Меј одбива да поднесе оставка по изборниот неуспех и одлучи во иднина да дејствува како премиер на малцинска влада, која ќе зависи од десете пратеници на северноирската Демократска униониситчка партија (ДУП).
Тоа го оправдува со „интересите на државата“ и со „значајната ситуација“ во која се наоѓа Велика Британија, мислејќи на Брегзит и на терористичките закани од домашниот исламски радикализам, па затоа смета дека „веке е доста гласање“ и дека сега е време за сериозна работа.
Од многуте грешки и погрешни проценки што ги направи, Меј успеа само да обезбеди мандат за себе како премиер, а не да го одработува она што го освои нејзниот претходник Дејвид Камерон. Но тој ги освои уверливо изборите пред две години, со изборна платформа, додека Меј закажа предвремени избори и се појави пред гласачите, само со „празни ветувања“ за „британски процут“ по Брегзит, не нудејќи никаква основа за еден таков оптимизиам
Според лондонските коментатори, со својата избрзана одлука сега да има избори, Меј само го спаси Корбин да не биде сменет од функцијата од своите сопартијци и ја засили неговата позиција, па тој сега ќе биде многу посилен фактор во целата домашна политика, отколку што беше досега.