Британскиот Парламент ќе гласа за тоа дали Џонсон ги почитувал ковид правилата

Од:

Британските парламентарци ќе добијат можност да гласаат за тоа дали премиерот Борис Џонсон го довел во заблуда Парламентот со неговите уверувања дека се почитувале Ковид правилата во Даунинг стрит, најави претседателот на британскиот Парламент, Линдзи Хојл.

Тој додаде дека предлогот за дебата е поднесен од лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер и други опозициски пратеници.

Дебата е закажана за в четврток.

Претходно, Џонсон беше парично казнет поради присуство на роденденската забава во неговата резиденција на Даунинг стрит 10. Казната за Џонсон е 50 фунти, а казни им се изречени и на министерот за финансии Риши Сунак и сопругата на Џонсон, Кери, поради присуство на забава на 19 јуни 2020 година. Џонсон и Сунак се првите актуелен премиер и министер за финансии кои се казнети бидејќи го довеле во Парламентот со тоа што претходно негираа дека присуствувале на забави за време на карантин.

Џонсон се извини, но одби да поднесе оставка, иако полицијата истражува уште шест собири на кои тој наводно бил присутен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон