Британски специјалец, кој не бил на должност, спаси 100 луѓе од трговскиот центар во Најроби

Од:

Припадник на британските специјални единици САС е јунакот на заложничката криза во трговскиот центар во Најроби, откако спаси повеќе од 100 животи.

Според пишувањето на Дејли меил, војникот, кој не бил на должност, пиел кафе во Вестгејт мол, кога во саботата го нападнаа исламски терористи од Ал Шабаб, кои држеа неколку стотина заложници.

Со пиштол на појасот, снимен е како им помага на две жени и ги вади од комплексот. Потоа се враќал неколку пати во објектот и покрај интензивната престрелка.

„Тој е вистински херој. Пиеше кафе со пријателите кога почна нападот. Се враќаше 12 пати и спаси над 100 луѓе. Замислете постојано да се враќате, а знаете таму што се случува, изјави негов пријател од Најроби.

Извори велат дека станува збор за припадник на САС, но од безбедносни причини неговиот идентитет не смее да биде откриен.

Британскиот САС редовно тренира и оперира во Кенија и вклучен е во следењето на британски државјани поврзани со екстремистичките исламисти во Сомалија и Јемен.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“