Британски пратеници: Да се разгледа можност за одлагање на Брегзит

Од:

Лондон би требало да разгледа можност за одлагање на Брегзит бидејќи можно е да нема доволно време за постигнување договор со Европската унија пред Британија да го напушти тој блок, соопшти одбор на британски пратеници.

Одборот на Долниот дом на британскиот Парламент за напуштање на ЕУ, во соопштение нагласува дека ако главните аспекти на идните односи со ЕУ останат нерешени до октомври, Британија треба да се фокусира на „ограничено продолжување“ на своето членство во блокот.

Во денешниот извештај пратениците наведуват дека за предложениот преоден рок од околу две години би требало да постои можност за продолжување во случај на потреба.

Седум членови од одборот во кој се 21 пратеник, а кои се залагаат за Бгрегзит, одбија да го потпишат извештајот подготвувајќи алтернативна верзија. Во извештајот се нагласува загриженост поради „недоволен напредок“ во решавање на клучното прашање за одржување отворени граници меѓу Севрна Ирска и Република Ирска по Брегзит.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија