Британски министер предупреди на заканата од претворање на Мали во „рај за терористите“

Од:

Британскиот министер за Африка Марк Симондс предупреди синоќа во Лондон на „заканата од претворање на северниот дел од Мали во „рај за терористите“.

Зборувајќи во Долниот дом на британскиот Парламент Симондс изјави дека ситуацијата во оваа западноафриканска земја е „сериозна и загрижувачка“.

Министерот Симондс потврди дека Велика Британија и дава на Франција „ограничена поддршка“ во нејзината воена интервенција во Мали против исламистичките бунтовници поврзани со мрежата на Ал Каеда.

Изјавата на Симондс доаѓа по потврдата на официјален Лондон дека два товарни авиона на британското кралско воено воздухопловство „Херкулес“ (Ц-17) уште во неделата се испратени во Франција, од каде префрлија француски воени трупи во Бамако, за воената интервеција на француската армија во северните делови од Мали.

Британската Влада во оваа земја испрати и технички персонал кој во Бамако ќе биде вклучен во пречекувањето на авионите.

Франција во петокот воено интервенираше во оваа земја за да и помогне на централната Влада во Бамако во нејзината борба против исламистичките бунтовници.

Неколку африкански држави најавија дека ќе испратат десетина илјади свои војнци за да помогнат во борбата против исламистите. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија сепак нема да испраќа и воена сила. – Ниту еден британски војник нема да стапне на територијата на Мали, рече премиерот Камерон.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска