Британски министер поднесе оставка поради плановите на Меј за одложување на брегзит

Од:

Британскиот министер за земјоделство, Џорџ Јустис најави оставка поради одлуката на премиерот Тереза Меј да му понуди на Парламентот да гласа за евентуално одложување на брегзит.

Под притисок од проевропските министри, претходно оваа недела Меј вети дека пратениците ќе имаат можност да се изјаснат дали да побараат продолжување на преговорите за излегување од ЕУИ ако нејзиниот договор за брегзит и „без договор“ бидат одбиени на гласањето во Парламентот следниот месец.

– Се плашам дека развојот на нештата оваа недела ќе доведе до серија настани, а кулминација ќе биде ЕУ да ги диктира условите за какво било побарано продолжување и крајно понижување на земјата“, напиша тој во неговото писмо со оставка, јави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина