Британски имунолог: Омикрон не е истата болест со која се соочувавме во првите бранови

Од:

„Омикрон не е болест како онаа што ја сретнавме во претходните бранови на инфекција“, рече водечкиот британски имунолог Џон Бел.

Додека некои научници во неговата земја повикуваат на построги мерки за спречување на ширењето на новата варијанта на коронавирусот, професорот од Оксфорд и еден од клучните експерти кои ја развиле вакцината Астразенекс изјави дека високите стапки на смртност се „нешто од минатото“.

Бел призна дека инфекцијата во последните недели се шири многу побрзо меѓу граѓаните, но е и многу поблага и дека хоспитализираните поминуваат помалку време во болница во однос на претходните варијанти. На помалку пациенти им е потребна силна оксигенација, а просечниот престој во болница сега е намален на три дена.

„Ужасните сцени од одделот за интензивна нега што ги видовме минатата година сега се минато“, рече Бел, додавајќи дека прилично напуштените улици во Британија во последните недели покажаа дека луѓето се сосема одговорни за заштита од вирусот.

Некои поддржувачи на ригорозни ограничувања не се согласуваат, тврдејќи дека останува да се види како ќе се однесува вирусот кога ќе се шири меѓу постарата популација. Меѓу нив е и Крис Хопсон, еден од лидерите на NHS, британската здравствена мрежа, кој истакнува дека оваа варијанта е многу позаразна, па се очекуваат повеќе приеми во болница, а бројот на смртни случаи може да се зголеми доколку „нешто“ не биде направено за да се спречи негово ширење.

„Имавме многу контакти меѓу генерациите за време на божиќните празници, така што само чекаме да го видиме понатамошниот тек на настаните во однос на бројот на хоспитализирани и сериозни случаи на омикронска инфекција“, рече Хопсон, кој се залага за построги мерки.

„Во моментов бележиме зголемен број случаи на потреба од самоизолација на персоналот и тоа ни е голем проблем во моментов“, рече тој.

Џорџ Јустис, британскиот министер за животна средина, рече дека внимателно се следи бројот на хоспитализирани, но дека сега доказите покажуваат дека стапката на заразени е поголема, но дека не е придружена со голем број тешки клинички слики.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот