Британски експерти тврдат дека има докази за употреба на хемиско оружје во Сирија

Од:

Британски експерти во Министертсвото за одбрана во Лондон тврдат дека откриле „некој вид на хемиско оружје“ во прошверцуваните примероци од почва од Сирија.

Ова би требало да биде првиот форензички доказ за користењето на хемиското оружје во сириската граѓанска војна. Целата тајна операција на земање и шверцување на „сомнителната и контаминирана почва“ е дело на британската разузнавачка агенција МИ6. Заклучокот на експертите е добиен по извршените тестови, што се направени во една британска воена лабораторија.

Сирија е една од земјите со најмногу складирано хемиско оружје во светот. САД на неколкупати досега предупредија дека неговата употреба во воените судири би била „црвената линија“ што би можела да покрене воена интервенција во Сирија, како  онаа во Либија.

Доколку се докаже дека оружјето било користено од владините сили, тоа ќе значи дополнителен притисок врз Западот, за воена интервенција во сириската граѓанска војна или барем основа за вооружување на бунтовниците кои се борат за соборување на претседателот Башар ал Асад.

Извори од воената лабораторија која ги правела тестовите за лондонски „Тајмс“ признаа дека „не може да се потврди оти пронајдените траги за „некој вид“ хемиско оружје се од нервниот гас сарин.

Британците кои се најсилни поборници за вооружување на бунтовниците и кои ја извеле целата оваа операција не знаат дали земените примероци од почвата, се од реонот на Алепо каде минатиот месец официјален Дамаск, како и бунтовниците тврдеа дека е користено хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски