Британската војска ќе го надгледува Црното Море за да ја одврати Русија

Од:

Владата на Обединетото Кралство објави дека британските воени и безбедносни служби ќе го надгледуваат Црното Море во обид да ја одвратат Русија од напад на товарни бродови кои превезуваат жито од Украина во земјите во развој.

Во соопштението се најавува и дека Лондон ќе биде домаќин на глобален самит за безбедност на храната во ноември.

„Конференцијата за храна ќе биде одговор на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин во јули да не го обнови Црноморскиот договор за жито со Украина, кој им овозможи на товарните бродови безбедно да пренесуваат жито од пристаништата на Црното Море во земјата, разрушени од војна“, се вели во соопштението.

Британскиот премиер Риши Сунак рече дека загубата на пактот за жито „ќе предизвика огромно страдање на милиони луѓе“.

„Таа иницијатива обезбеди околу 30 милиони тони храна за над 45 земји на кои навистина им беше потребна. А сега ја нема. Видовте откако Русија го напушти договорот, драматично зголемување на цените на храната“, рече британскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија