Британската војска ги обезбедува нуклеарките во Шкотска, но ја нема по градовите

Од:

Припадниците на британската армија ќе ги обезбедуваат нуклеарните централи во Шкотска, но војската нема да биде распоредена низ градовите и по улиците во овој дел од Велика Британија.

Според шкотскиот весник „Хералд“, Шкотска, како и Северна Ирска пред неа, одби да дозволи британски војници да патролираат низ улиците на Единбург, Глазгов и другите шкотски градови.

Раководството на шкотската полиција инсистира дека силите со кои располага се „сосема доволни“ за да се справи со сегашното ниво на закана од можен терористички напад.

Одлуката на британаката Влада да ја покрене британската армија како дополнителна сила на полицијата и припадниците на другите безбедносни единици, дојде по одлуката на премиерката Тереза Меј за започнување „војна против теророт“, донесена по терористичкиот напад во Манчестер од понеделникот, доцна вечерта.

Со оваа одлука веќе се распоредени 1.000 припадници на армиските сили во Лондон, Манчестер и низ другите градови и витални локалции низ Велика Британија, додека други 3.000 се во подготвеност за да се вклучат во безбедносната операција против тероризмот на британско тло.

Слична мобилизација е извршена и во здраветвсниот сектор, на тој начин што сите болници се во состојба на тревога во очекување на нов терористички напад.

Меј по состанокот на специјалниот комитет за вонредни ситуации Кобра одлучи степенот на тревога да го подигне на највисоко – критично – ниво, што значи дека терористички напад е можен во секој момент.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП