Британската полиција пронашла тело во багажот на патнички авион

Од:

Тело на маж е пронајдено во багажникот на авион на аеродромот Гетвик. Авионот летал од главниот град на Гамбија, Банџул, до аеродромот во Западен Сасекс.

„Ова е многу тажна вест и нашите мисли се со семејството и пријателите на починатиот“, изјави портпаролот на аеродромот Гетвик.

„Можеме да потврдиме дека истрагата е во тек“, додаде портпаролот на авиокомпанијата на која беше откриено телото.

Полицајците спроведуваат истрага и подготвуваат извештај за судскиот вештак, се вели во соопштението на полицијата во Сасекс. Портпаролот на владата на Гамбија изјави дека станува збор за неидентификуван Африканец.

Гамбија е оддалечена 4.444 километри од Обединетото Кралство, а летот обично трае околу шест и пол часа. Ова не е прв пат во Обединетото Кралство да биде пронајден мртов „слеп патник“.

Би можело да ве интересира

Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот

Авион на Ер Индија се врати во Чикаго по 10 часа лет – 300 патници делеа еден тоалет

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

Пилот се онесвести за време на летот од Хургада до Манчестер

Горан Наумовски

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ