Британската полиција доби поголеми овластувања, од денес ќе може да апси на граничните премини

Од:

Во Велика Британија од денска стапува во сила уредбата со која полицијата има овластувања да ги запира и апси лицата на граница со цел да спречи шпионажа и странско мешање.

Уредбата наречена Документ за борба против тероризмот и безбедност на границите, е донесена поради случајот на двојниот шпион Сергеј Скрипал, кој во март 2018 година заедно со неговата ќерка беше пронајден отруен во Солсбери. за труењето, кое и двајцата го преживеаја, беше обвинета Русија, а Москва демантираше каква било вмешаност.

Врз основа на уредбата, полицијата ќе може да запира, испитува и да го уапси секое лице кое влегува во Велика Бритнаија, а за кого ќе се посомнева дека е вмешано во непријателски активности.

Британското Министерство за внатрешни работи дека новиот систем подразбира заштитни мерки за истражителите, како и посебна заштита на доверливи материјали и новинарски извори.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он

Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025

А1он

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава