Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025

Од:

Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржи свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на промоцијата порача дека годинава МВР станува побогато за 497 нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, „синови и ќерки на Македонија“.

– Полициската професија не е само избор, туку е повик, завет кој секој еден од вас го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина, безбедни и сигурни. Почитувани идни колеги, благосостојбата и напредокот на едно општество се темелат на почитување на законите, на правната држава, чија основа е успешното функционирање на безбедносниот систем. Тоа значи да создаваме, градиме и да унапредуваме една модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција, која своите задачи и обврски ќе ги извршува максимално законито, стручно, одговорно и транспарентно во име на граѓаните, во име на својот народ, изјави Тошковски.

Тошковски, исто така, порача дека се градат и ќе се градат нови полициски станици, како и дека се планира обновување на возниот парк на министерството, нови модерни и функционални униформи и материјално и техничко унапредување на сите организациони единици. Во унапредувањето на условите за работа, тој нагласи дека, ќе биде направено и преку редовно зголемување на примањата на сите вработени во МВР.

Помошник министерот на Центарот за обука на МВР, Влатко Митковски во своето обраќање пред 13-те тимови нови полициски службеници, им порача дека промоцијата е награда и показател на нивната работа, труд и вложување.

– Почитувани кандидати, да се биде полицаец не е само работа, тоа е професија која носи голема одговонрост. Нашите сограѓани секогаш ќе гледаат во вас, како за заради зачувување на индивидуалната, така и заради колективната безбедност. Носејќи ја полициската униформа станувате членови на едно големо полициско семејство. Тука сте не само за нашите сограѓани, туку и едни за други, порача Митковски.

На промоцијата беа доделени благодарници и пофалници за најдобрите полициски кандидати од генерацијата.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Полицијата спаси четири лица од пловен објект во Охридско Езеро откако им се скрши дел од едрилицата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Франција: Полицијата со водени топови растера активисти кои блокираа складиште со нафта

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија