Британската кралица бара нејзиниот роденден да не се прославува со почесна артилериска стрелба

Од:

Британската кралица Елизабета Втора побара нејзиниот роденден да биде одбележан без почесна плутонска стрелба, соопшти Ај Ти Ви Њуз, посочувајќи дека кралицата сметала дека тоа не е соодветно со оглед на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Ај Ти Ви Њуз за информацијата за ваквото барање на кралицата се повика на извор од кралската палата, дополнувајќи дека првпат за време на 68 години владеење, бакингамската палата не одговорила веднаш на барање за коментар.

Кралското семејство вообичаено користи испукување плутони од разни локации во Лондон заради одбележување посебни настани, како годишнини и родендени. Кралицата Елизабета на 21 април ќе го прослави 94. роденден.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски