Британка симнувањето цртан филм ја чини повеќе од годишен одмор во Турција

Од:

Британката Стејси Витерс симнувањето на цртан филм на својот смартфон ја чинело повеќе од еднонеделен семеен одмор во Турција, пишува „Дејли Мејл“.

Нејзиниот тригодишен син Џоел се разболел додека биле на одмор во Турција и Стејси му пуштила цртан филм за да го развесели.

Меѓутоа, кога дознала дека тоа и било наплатено 1.118 фунти (околу 1.300 евра), односно 118 евра повеќе отколку целиот одмор, била гневна.

– Тоа е одвратно. Мојот тригодишен син плачеше шест дена поради болки во увото. Го обожува цртаниот филм Мадагаскар и знаев дека тоа е единствената работа која би можела да го смири. Се грижев дека тоа би можело да ме чини стотина фунти, па симнав само пет минути, раскажа таа.

Стејси напоменува дека разговарала со операторот чии услуги ги користи и ги информирала дека е подготовена да плати дел од сметката, но не и целата сума, додека тие инсистираат на плаќање на целата сметка. Случајот најверојатно ќе заврши на суд.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ