Британка го обвини контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт за силување и закани. Таа тврди дека Тејт ја гушел за време на секс додека не се онесвестила, пред девет години. Жената наведе дека Тејт продолжил да има секс со неа и покрај тоа што била во несвест, пишува Би-Би-Си.
Жената, која во тоа време имала 20 години, вели дека првпат го запознала Тејт на социјалните мрежи во август 2014 година. Рекла дека се согласила да има секс со инфлуенсерот, но дека чинот брзо преминал во насилство.
Тејт ги негира наводите, а неговиот портпарол рече дека Тејт не одобрува насилство од каков било вид врз жените и дека сите сексуални дејствија во кои учествувал биле консензуални.
„Ми ја стави раката на вратот и ме давеше“
Британката за Би-Би-Си изјавила дека го запознала Тејт во бар во Лутон во 2014 година кога таа била студентка, а тој вратар во ноќен клуб. Таа вели дека имала секс со Тејт еднаш пред тој да почне да ја дави.
„Ми ја стави раката на вратот и ме гушеше. На почетокот ми беше малку збунувачки, а кога се освестив видов дека Тејт се уште има секс со мене”, рекла Британката и додала дека Тејт се заканувал дека ќе ја убие се до следното утро кога го напуштил нејзиниот стан.
„Постојано велеше „Јас те поседувам, ти ми припаѓаш“. Цела ноќ беше прилично агресивен и кажуваше ужасни работи“, раскажа 30-годишната жена.
„Во тоа време не го гледав тоа како силување“
Тогаш таа не го пријавила инцидентот во полиција. На прашањето на Би-Би-Си зошто веднаш не отишла во полиција и не го пријавила силувањето, таа одговорила дека тогаш не знаела дека била жртва на кривично дело.
„Знаев дека се случи нешто со што не се согласувам. Но, не го гледав тоа како силување или сексуален напад, бидејќи тоа беше пред околу 10 години”, рече таа.
Порача дека ќе го тужи Тејт.