Британија преминува во следната фаза на олеснување на мерките

Од:

Велика Британија од 12 април ќе премине на следната фаза од својот план за ублажување на ограничувањата во борбата против коронавирусот, потврди премиерот Борис Џонсон.

Британскиот премиер на прес-конференција во Даунинг стрит истакна дека Велика Британија ги опфаќа „четирите теста“ за укинување на ограничувањата.

За една недела ќе бидат отворени продавници, фитнес центри, зоолошки градини, пабови со тераси, кампови, фризерски салони и други објекти.

Четирите тестови на Островот вклучуваат значителен пад на нови случаи на коронавирусот; намалување на товарот на Националната здравствена служба; напредок во кампањата за имунизација и новите мутации на вирусот не ја менуваат сликата суштински.

Џонсон, исто така, изјави дека од следната недела две лица (што е зголемување за едно) ќе можат да ги посетуваат роднините во домовите за стари и изнемоштени лица.

Претходно, британската Влада објави дека од петок ќе обезбеди брзи тестови за коронавирус за сите граѓани во Англија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година