Велика Британија и се извини на Саудиска Арабија за инцидентот при кој саудиски генерал во Лондон беше удрен со јајце во гербот, соопшти британскиот Форин Офис.
Во соопштението се „изразува жалење“ што генералот Ахмед Асири, портпарол на коалициските сили на арапските сунитски земји, предводени Саудиска Арабија, кои се борат против бунтовнците Хути во Јемен, бил удрен со јајце.
Инцидентот се случи за време на минатонеделаната посета на генералот на Велика Британија, кога во Лондон бил дочекан од група антивоени демонстранти.
Тие барале од британските власти апсење за Асири, обвинувајќи го за воени злосторства што врз јеменските цивили ги извршиле Саудиска Арабија и другите членки на сунитската коалиција во текот на воздушните напади на територијата што ја контролираат шиитските бунтовнички Хути.
Некои од демонстрантите фрлиле јајца кон генералот, а едно го погодило.
Според британските медиуми, шефот на Форин Офисот Борис Џонсон му се јавил на синот на саудискиот крал Салман, крунски принц Махмуд Бин Салман, кој е и министер за одбрана.
Медиумите во Ријад тврдат дека во текот на разговорот, во кој станало збор за билатералните односи, за регионалните прашања и за хуманитарната ситуација во Јемен, министерот Џонсон се извинил за инцидентот во Лондон.
Генералот Асири инцидентот со демонстрантите го оквалификува како напад врз него.
Демонстрантите протестираа проив интервенцијата на армијата на Саудиска Арабија во Јемен, која трае повеќе од две години и со цел да и се помогне на јеменска Влада, која побегна од Сана пред офанзивата на бунтовничките Хути, да ја поврати контролата над земјата.
Ријад тврди дека зад бунтот на Хутите стои Иран, кој ги помага шиитските бунтовниците. Хутите, меѓутоа, ја обвинуваат и британската Влада дека е „соучесник во злосторставата“ на Саудијците и нивните сојузници затоа што ја снабдуваат со оружје саудиската армија.