Британија ја поддржа Чешка околу протерувањето руски дипломати

Од:

Велика Британија денеска даде „целосна поддршка“ на одлуката на чешката Влада да протера 18 руски дипломати, за кои смета дека се членови на разузнавачка служба.

„Велика Британија им дава поддршка на нашите чешки сојузници, кои открија до каде ќе оди ГРУ (руската воена разузнавачка служба) во обидите за извршување опасни и малигни операции, каде што го видовме врвот на моделот на однесување во нападот во Солсбери”, напиша на Твитер министерот за надворешни работи Доминик Раб.

Во Солсбери, во 2018 година, имаше напад врз Сергеј Скрипал, поранешен службеник за разузнавање на ГРУ и двоен агент, на кого, според тврдењата на британските власти, двајца агенти на ГРУ му ставиле нервен агенс „новичок“ на рачката на вратата на куќата.

Скрипал и неговата ќерка се разболеа, но се опоравија од нападот.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина