Британија го укинува карантинот за вакцинирани патници од САД и сите земји на ЕУ, освен Франција

Од:

Велика Британија од следната недела на сите вакцинирани посетители од Европската унија и САД ќе им овозможи да влезат во земјата без задолжителен карантин, соопшти денеска британскиот министер за транспорт, Грант Шапс, што е вест која долго ја очекуваа авиокомпаниите и туристичките компании.

Британската туристичка индустрија остро ја критикуваше владата за пребавното отворање на земјата, тврдејќи дека не ја искористила водечката позиција во светот со вакцинирањето, со што на ЕУ ѝ дала предност во привлекувањето туристи.

Владата соопшти дека од 2 август сите патници вакцинирани со вакцини одобрени во ЕУ и САД нема да мора да одат во карантин. Одлуката ги опфаќа најголемите девет пазари во Велика Британија според бројот на посетители уште од пред пандемијата со Ковид-19.

Посебни правила ќе важат за патниците кои доаѓаат од Франција.

„Патниците, меѓутоа, пред поаѓање и веднаш по пристигнувањето во Англија ќе треба да бидат тестирани за Ковид-19“, напиша министерот Шапс на Твитер.

Овој потег ќе им помогне на авиокомпаниите и туристичките агенции да го интензивираат работењето по 16 месеци ограничувања, што многумина ги доведе до сериозни финансиски тешкотии.

Акциите на „Бритиш ервејс“ пораснаа за три проценти, на „Изиџет“ за четири и на „Визер“ за пет проценти.

Би можело да ве интересира

Леми: Лабуристите сакаат безбедносен пакт со Брисел

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја