Британија го предаде Абу Хамза на САД

Од:

Велика Британија во петокот навечер го израчи на САД исламскиот радикал Абу Намза ал-Масри, откако тој ја загуби осумгодишната борба со британското правосудство да го избегне предавањето.

Египќанецот Абу Хамза ал-Масри од американските власти е обвинет дека ја поддржува глобалната терористичка организација Ал Каеда, дека помагал во еден грабеж во Јемен, како и дека учествувал во организирање камп за обука за герилско војување на територијата на САД.

Овој 54-годишен едноок проповедник стана озлогласен откако ги фалеше нападите врз САД од 11-ти септември 2001 година, а ја водеше џамијата во северниот дел на британската престолнина Лондон за која британските власти тврдат дека е расадник на исламистички радикализам.

Во петокот двајца судии на лондонскиот висок суд го одбија неговото барање постапката на предавањето на американските власти да се одложи, за да може на ал-Масри да му бидат извршени прегледи на мозокот. Неговите адвокати велат дека тој преглед би покажал дека Абу Хамза не е погоден за израчување.

Би можело да ве интересира

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е