Британија ги повлекува дипломатите од Кина поради коронавирусот

Од:

Велика Британија одлучи да повлече дел од својот персонал во амбасадата, како и од неколку конзуларни претставништва во Кина, поради опасност од коронавирусот, соопштија властите во Лондон.

Од денеска некои дипломати од британската амбасада и од конзулатите ќе бидат повлечени од Кина.

Евакуацијата нема да го наруши составот на мисиите, бидејќи остануваат оние лица кои се неопходни за функционирање на дипломатските претставништва.

Доколку се влоши ситуацијата, можностите на британската амбасада и конзулатите да им помогнат на британските граѓани во Кина веројатно би биле ограничени, се наведува во соопштението.

Пред неколку дена, истите мерки ги презедоа и САД.

Од Вашингтон беше испратена наредба сите лица под 21-годишна возраст, чии семејства работат во американските дипломатски мисии во Кина, веднаш да ја напуштат земјата.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година