Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Од:

Британецот кој го принуди екипажот на летот на Јунајтед ерлајнс да го пренасочи слетувањето на друга локација поради неговото кавгаџиско однесување мора да плати повеќе од 20.000 долари на авиокомпанијата, соопштија американските обвинители.

Обвинителите изјавија дека на летот од Лондон на 1 март, Британецот Александар Мајкл Доминик Мекдоналд (30) почнал да се расправа со сопатник, а потоа и со стјуардесите, по што му биле врзани лисици и летот бил пренасочен од првобитната дестинација во Њуарк oд американската држава Њу Џерси до Бангор во американската држава Мејн, објави телевизијата ABC.

Окружниот суд на округот Бангор го осуди Мекдоналд на затвор откако беше во притвор по инцидентот на 1 март и му нареди да плати 20.638 долари на Јунајтед Ерлајнс како компензација за пренасочувањето на летот.

Мекдоналд и сопатникот беа уапсени во Мејн и биле во алкохолизирана состојба, соопшти авиокомпанијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици