Британец уапсен во Лондон за кибер напади во Германија

Од:

Германската федерална криминалистичка полиција (БКА) денеска соопшти дека во Лондон по Европска потерница издадена од Берлин е уапсен британски државјанин кој се сомничи дека е организатор на масовен кибер напад врз германскиот Телеком.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, неименуваниот Британец во ноември организирал и спровел кибер напад со кој околу 1 милион сопственици на рутери на германскиот Телеком беа одсечени од интернет. Јавното обвинителство во Келн кое што го води случајот Британецот го товари за „закана за критична коммуникациска инфраструктура од национални размери.

Според изјавата на обвинителството Британецот сакал да влезе во системот на Телеком за да создаде таканаречен „Ботнет“ систем на огромен поврзани електронски направи кој што се користи за кибер криминал а кој што понатаму требало да биде продаден на таканаречениот “Даркнет“ – црниот интернет пазар кој што не е видлив за обичните кориснници на интернет. Германските власти предходните месеци во неколку наврати ја обвинија Русија дека стои зад кибер нападиte на германски институции и компании и дека планира со помош на хакери и лажни вести да влијае на резултатите од сојузните парламентарни избори во септември.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски