Британец преживеа пад од 15-ти кат

Од:

Том Стилвел (20) од англискиот град Брајтон заминал на летување во Ноз Зеланд, но својот годишен одмор го минува во болница во Окланд, откако преживеал пад од балкон на 15-от кат на една зграда, објави лондосни „Дејли Телеграф“.

Медицинскиот персонал неговото преживување го нарекува чудесно и тврди дека Стилвел најверојатно е многусреќен човек штом го преживеал падот.

Стилвел се здобил со искршеници на вратот, клучната коска и рачниот зглоб и претрпел внатрешни повреди. Сепак, од болницата тврдат дека неговата состојба е „задоволителна“.

Том Стилвел, како што кажуваат е буден и весел и денеска ќе биде префрлен од интензивна нега на одделение.

Џералдин Баутиста, која живее во стан од чиј балкон паднал Стилвел, изјави дека момчето тропнало на нејзината врата околу два часот во полноќ и ја прашало дали може од нејзиниот балкон да помине на неговиот, по што почнал да се качува преку балконската ограда.

– Милслев дека тоа нема да го направи, мислев дека ќе се увери дека тоа е невозможно и ќе се откаже, рече Баутисата.

Од полициајта тврдат дека падот на Стилвел го ублажи покривот на соседната зграда, но дека сепак тој „летал“ 13 ката.

Доктор Тони Смит од службата за Итна помош изјави дека преживувањето на вакви падови е „неверојатно невообичаено“.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја