Британците, Италијанците и Чесите на референдум не би ја поддржале ЕУ

Од:

Ако денеска во земјите членки на ЕУ се одржи референдум за членство во Унијата, во Велика Британија, Чешка и Италија не би било постигнато мнозинство кое би гласало „за“, покажуваат податоците на Евробарометар.

Според податоците кои ги објави Европскиот парламент, помалку од половина, 45 отсто од Британците, 47 отсто Чеси и 49 отсто Италијанци би го поддржале членството во ЕУ, додека за излез од Унијата се изјасниле 37 отсто Британци, 24 проценти Чеси и 19 отсто државјани на Италија.

Бројот на неопределени гласачи, според наводите на Евростат, би биле 32 отсто во Италија, 29 проценти во Чешка и 18 отсто во Британија.

Меѓутоа, големо мнозинство граѓани на ЕУ и понатаму би гласале да останат дел од европското семејство.

Во Холандија 86 отсто од граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ, во Ирска и Луксембург тој процент изнесува 83 отсто, во Шведска 81 процент и во Германија 80 отсто.

Велика Британија, Чешка и Италија спаѓаат во оние земји во кои предностите на ЕУ се помалку перципирани во општеството. Вкупно 58 отсто Чеси, 54 проценти Британци и 41 отсто Италијанци веруваат дека имале корист од тоа што се дел од Унијата.

Австријците и Грците се дел од групата која е помалку воодушевена од европското семејство. Сепак, просечно 68 отсто од испитаниците велат дека членството е корисно за нивната земја, што според оваа анкета е највисоко ниво од 1983 година.

Меѓутоа, и покрај позитивниот став кон европскиот проект, голем број од анкетираните се незадоволни од актуелната ситуација во ЕУ.

Половина од Европејците сметаат дека работите се движат во погрешна насока, посебно кај грчките и француските гласачи (66 отсто), Италијанците (58 проценти) и Чесите (56 отсто).

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот