Претставник на Европската комисија изјави дека Брисел е подготен да ги обнови преговори со Лондон за британското напуштање на Европската унија, но дека на потег сега е Велика Британија.
Изјавата доаѓа откако вчерашните разговори меѓу британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер завршија со неуспех, што ги зголеми стравувањата дека е можно Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за уредување на нивните натамошни односи.
– Немам што да кажам за Брегзит. Шоуто сега е во Лондон, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас на денешната прес конференција во Брисел.